Онлајн Курс за HTML&CSS&JAVASCRIPT на Македонски Јазик!


Се што ви е потребно на едно место за да изградите "цврсти темели" кои што ќе ви служат за цела ваша програмерска кариера!

Со преку 80 видео-лекции, вие ќе стекнете темлно и одлично знаење за технологиите што ќе ги изучуваме.


Цена:

30 евра

Што Добиваш од Овој Курс





  • Напредно познавање од HTML&CSS - преку 40 лекции снимени само за овој модул


  • Напредно познавање на Javascript - исто така преку 40 лекции снимени за овој модул


  • Многу интересни проекти


  • Трикови и практики кои ќе ви помогнат побрзо да го совладате програмирањето


  • Пристап до премиум дискорд група - таму ќе бидат сите луѓе што имаат купено некој од моите курсеви. Запознавање со успешни луѓе


  • Неограничен пристап до курсот (Курсот останува твој засекогаш. Курсот постојано ќе се надоградува, што значи дека и ако после 1 година ти треба потсетување за нешто или пак дополнителна информација, ќе можеш повторно да си го изгледаш. Плаќаш еднаш - добиваш неограничена надоградба на твоето знаење.)



Содржина на Kурсот

  Вовед
Available in days
days after you enroll
  HTML&CSS
Available in days
days after you enroll
  Javascript
Available in days
days after you enroll

Овој Курс е за Тебе Ако:


👩🏻‍💼👨‍💼 Немаш предходно познавање од ИТ, но сакаш да научиш нова вештина која ќе ти носи одлична заработка                          


👨‍💻 Имаш основно познавање од web development, но сакаш да го подобриш и надополниш твоето знаење 


💼 Веќе имаш full-time работа, но сакаш да научиш вештина која ќе ти носи дополнителен приход со фриленс работа


🎓 Сакаш да направиш кариерна преквалификација


Нема Веќе Изговори! 

Сега Можеш да Учиш Кога Сакаш, од Каде што Сакаш, со Темпо што Тебе ти Одговара

Запознајте го вашиот ментор


👋🏻 Јас сум Христијан, програмер и онлајн едукатор.


👨🏻‍💻 Сопственик сум на инстаграм профилот и јутуб каналот Nauci Programiranje.


🙌🏻 Повеќе од 3 години се занимавам со програмирање и успешно се справувам со сите предизвици што сум ги сретнал до сега.


👨🏻‍💻 Желбата за предавање ми се роди уште од самиот почеток, знаејќи колку е тешко да се учи на туѓ јазик и немајќи никакви материјали на мајчин јазик, одлучив јас да бидам тој кој што ќе го промени тоа.


💼 Скоро една година снимам бесплатни видеа на Youtube и одлучив да снимам курсеви кој што ќе имаат симболична цена, достапни за сите.


👋🏻 Мојата цел е сите да имаат да учат на свој мајчин јазик бесплатно, и/или за некоја симболична цена

Најчесто Поставувани Прашања🗂️


  1.  Од кога е достапен курсот? Кога завршува?
    Курсот е достапен за купување од 10ти март. Негово завршување зависи од вашата временска рамка и обврски, нема ограничување. Курсот го следите кога сакате, од каде сакате, и со темпо што вас ви одговара. Од вас зависи дали ќе го завршите за неколку дена, една недела, или еден/два месеци. 

  2.  Дали го добиваме курсот само на одреден период или имаме неограничен пристап?

    Штом го купите, курсот останува ваш засекогаш. Исто така, курсот постојано ќе се надоградува, што значи дека и ако после 1 година ви треба потсетување за нешто или пак дополнителна информација, ќе можете повторно да си го изгледате.

  3.  Каков вид на формат е курсот? Zoom, online..?
    Курсот е во вид на предходно снимени 80+ видео лекции кои се прикачени на онлајн платформа ‘Teachable’ со цел да може да се повторува и изучува подобро материјалот. Освен тоа, ќе содржи и материјали за учење, домашни задачи.

  4.  За колку време можам да научам програмирање? Дали ќе имам доволно знаење после завршување на овој курс?
    Ќе ви треба минимум 1 година активно учење, цврста дисциплина и решителност. Мене ми требаше повеќе од 2 години за да ги совладам концептите и да се вработам.

  5.  Кои програми ми се потребни за овој курс?
    Доволно е Visual Studio Code, која е бесплатна алатка и се симнува одма. Оваа алатка ќе треба сами да си ја инсталирате.

  6.  Патувам, дали може да го слушам овој курс?
    Секако дека може. Курсот е во вид на предходно снимени 80+ видео лекции, со цел да може да се повторува и изучува подобро материјалот, кога можете и имате време за учење.

  7.  Начин на плаќање
    Онлајн, еднократно со картичка.

  8.  Преку која платформа се врши наплаќањето?
    Teachable.

  9.  Дали лесно се наоѓа работа со оваа вештина?
    Да. Најчесто е потребно само добро совладана вештина, како и добро портфолио.

  10.  Дали ќе ни најдете работа?
    Тоа не можам да ви го гарантирам, бидејќи работата зависи од колку ќе ја совладате оваа програмерска вештина.

  11.  Дали можам да го слушам курсот без познавање од ИТ вештини?
    Да. Самите вештини ќе се научат на овој курс. Започнуваме од основите, па на напредно ниво.

  12.  Каков вид на поддршка ќе добијам од ваша страна?
    Ќе бидам достапна максимално колку што ми дозволуваат моите обврски. А со тоа добивате насоки и фидбек каде да се подобрите, помош при нејаснотии во самиот материјал, одговори на сите прашања што ќе ги имате итн.

  13.  На кој јазик ќе биде курсот?
    Курсот ќе биде снимен на македонски јазик.

  14.  Колку време трае обуката?
    Овој курс нема временска рамка. Добивате 80+ предходно снимени лекции кои можете да ги гледате со ваше темпо, кога сакате и од каде сакате.

  15.  Дали се добива сертификат?
    Да. Сертификатот се добива онлајн после последното завршено изгледано видео. Сертификатот ќе го добиете на македонски и на англиски јазик и можете да си го прикачите во вашето CV, портфолио, LinkedIn профил… каде и да посакате :))

  16.  Што е потребно да поседувам пред да започнам со курсот?Потребно е да поседуваш компјутер/лаптоп и желба за учење

  17.  Како ќе добијам пристап до курсот?
    Од кога ќе извршиш уплата на платформата, пренесен/а ќе си на страница каде што треба да си направиш профил. Откако ќе креираш профил, можеш да започнеш со учење уште веднаш.